Помпео: САД размислуваат за прифаќање луѓе од Хонг Конг

Од:

Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за прифаќање луѓе од Хонг Конг како одговор на притисокот од Кина да наметне закони за национална безбедност во поранешната британска колонија, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

На прашањето дали Вашингтон ја разгледува таа можност, Помпео рече: „Размислуваме за тоа. Не знам точно како ќе се одвива. Британците, како што знаете, имаат поинаков став. Многу од овие луѓе имаат британски пасоши“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот и наложи на својата администрација да го започне процесот на укинување на специјалниот третман на САД за Хонг Конг за казнување на Кина, но не ги повлече веднаш привилегиите што помогнаа територијата да биде глобален финансиски центар.

Минатата недела, Велика Британија соопшти дека е подготвена да понуди проширени визни права и државјанство на речиси три милиони жители на Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху