Помпео: Посветени сме на искоренувањето на насилството против жените

Од:

Американскиот Стејт департмент денеска објави соопштение по повод Меѓународнот ден за борба против насилството врз жените, истакнувајќи дека пандемијата на Ковид-19 нанесе посебен удар врз претставничките од понежниот пол.

-Насилството против жените не само што повредува милиони жени и девојки секоја година, туку нанесува штета и во нивните заедници и семејства. Насилството против жените, дали на работа, во училиште или како последица на конфликт или криза, е неприфатливо, истакна во соопштението американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Додаде дека САД со гордост го одбележуваат 25 ноември, Меѓународен ден за борба за искоренување на насилството во однос на жените, и започнуваат 16 денови активизам против гендерното насилство, се вели во соопштението.

-САД признаваат дека пандемијата на Ковид-19 нанесе посебен удар и непропорционално силно влијае врз жените – од зголеменото ниво на насилство против нив до зголемена нестапбилноста поради невработеност.

Помпео ја повика меѓународната заедница „да се обедини да го запре насилството против жените, да застане покрај жртвите и да им даде моќ да излезат од пандемијата посилни од кога било“.

-САД се посветени да го направат ова во име на националната безбедност, глобалниот развој, правата и достоинството за жените и девојките во целиот свет, се вели во денешното соопштение на државниот секретар.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД