Помпео: Мадуро нема право да ги протера американските дипломати од Венецуела

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нема овластување да ги протера американските дипломати, откако лидерот на земјата му порача на Вашингтон дека има 72 часа да организира нивно заминување.

– САД не го признаваат режимот на Мадуро како Влада на Венецуела, изјави Помпео откако САД претходно го признаа Хуан Гуаидо како претседател на Венецуела.

– Соодветно на тоа, САД сметаат дека поранешниот претседател Николас Мадуро нема законско овластување да ги прекине дипломатските односи со САД или да ги прогласи нашите дипломати за персона нон грата, истакна американскиот државен секретар.

Помпео ги предупреди „воените и безбедносните сили на Венецуела“ да не се обидуваат да ги отстранат дипломатите со сила или да реагираат на нивното одбивање да си заминат.

– Ги повикуваме сите страни да се воздржат од мерки кои не се во согласност со привилегиите и имунитетите што ги уживаат членовите на дипломатската заедница. Соединетите Држави ќе преземат соодветни мерки против секој кој ја загрозува безбедноста и сигурноста на нашата мисија и нејзиниот персонал, подвлече тој.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак