Помпео ја реафирмира посветеноста на САД во борбата против насилството врз жените

Од:

САД со гордост ја потврдуваат посветеноста во одбрана на правото на жените и девојките низ целиот свет да живеат без насилство, се вели во денешното соопштение на американскиот државен секретар Мајк Помпео а по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.

САД го признаваат вродениот дигнитет што го поседуваат жените и девојките и се намерени да ја заштитуваат безбедноста на жените и девојките низ целиот свет, како и тоа да го култивираат нивниот развој како идни светски лидери.

Помпео истакна дека насилството на полова основа само по себе претставува светски проблем со кој годишно се судираат милиони жени и девојки во сите области на животот, во образованието, на работата или во семејството.

Според него, овој проблем ги поткопува мирот и безбедноста и ги ослабува социјалната стабилност и економскиот развој.

-За искоренување на насилството на полова основа потребни се координирани напори и непоколеблива решеност на државите, приватиот сектор и граѓанското општество, истакна Помпео.

Денеска, 25 ноември, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените, официјално прогласен со резолуцијата на ООН 54/134, од 1999 година, а мотото годинава е: „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето”.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Ројтерс: Повеќе од 20.000 американски федерални вработени се согласија да си заминат од своите работни места

Комитетот за финансии на американскиот Сенат ја поддржува номинацијата на Кенеди за министер за здравство

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“