Помпео: Иран ги протера медицинските лица од „Лекари без граници“

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео потврди дека иранските власти протерале од земјата претставници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, кои помагале во борбата против новиот коронавирус.

Тие граделе теренска болница во Иран за најранливите пациенти од вирусот.

„Најголемите жртви на режимот се сопствените граѓани“, напиша Помпео на Твитер.

Во Иран се регистрирани повеќе од 27.000 заразени со Ковид-19, а околу 2.100 лица починаа. Властите информираа дека околу 9.600 луѓе се излекувани.

Хуманитарна помош за Иран испратија Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Светската здравствена организација, како и неколку други земји.

Техеран ја одби американската помош, велејќи дека подобра опција ќе биде укинување на санкциите

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он