Помпео: Делегација на САД наскоро ќе ја посети Северна Кореја

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изрази оптимизам дека во следните недели САД ќе испрати делегација во Северна Кореја, откако преговорите помеѓу лидерите на двете земји во Ханој завршија без договор.

– Се надевам, иако се уште ништо не можам да ветам дека во следните неколку недели делегацијата ќе биде во Пјонгјанг, истакна Помпео.

Тој додаде дека продолжува да работи на „изнаоѓање на точки кои се од заеднички интерес“.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по самитот во Ханој дадоа различни објаснувања зошто самитот заврши без договор.

Трамп во четвртопкот изјави дека Северна Кореја барала укинување на сите санкции. Потоа севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо истакна дека Пјонгјанг барал само делумно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната постројка во Јонгбјон.

 

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ