Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за напад врз нафтените танкери во Оманскиот Залив, објави Си-Ен-Ен. Помпео рече дека САД дошле до овој заклучок врз основа на разузнавачките податоци за видот на користеното оружје.
„Владата на САД проценува дека Исламската република Иран е одговорна за нападот што се случи во Оманскиот Залив. Проценката се базира на разузнавање, употребата на типот на оружје, ниво на експертиза потребни за извршување операции, неодамнешни слични ирански акции и како и тоа што ниту една друга група во областа нема средства и експертиза за извршување на таква прецизна операција“, рече Помпео.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерез, остро го осуди секој напад на цивилни бродови, објави Ројтерс.