Помош од 180 милиони евра од ЕК за сириските бегалци

Од:

Европската комисија соопшти дека ќе додели 180 милиони евра за помош на внатрешно раселените лица во Сирија и за сириските бегалци во Либан и во Јордан.

Средствата од ЕК се наменети за надминување на последиците од сириската криза во Сирија, како и во Либан и во Јордан, за поддршка на бегалците, се посочува во соопштението од ЕК.

Од вкупната сума 41 милиони евра се наменети за бегалците во Сирија, 66 милиони евра за бегалите во Јордан и 73 милиони евра за бегалците во Либан.

– Подготвени сме да пружиме постојана поддршка на Сиријците и на соседните земји, во кои има беглаци. Време е за промена. Одлучни сме да дадеме свој придонес за постигнување на трајно политичко решение на регионалната криза, се посочува во соопштението од  кабинетот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната