Поморски вежби на иранската војска во Ормунскиот проток

Од:

Иранската армија денеска ги започна своите годишни тридневни поморски вежби во близина на Ормунскиот проток, пренесува државната телевизија.

Како што наведува, морнарицата, воздухопловните и копнените сили учествувале во маневар во Оманскиот залив.

Исто така најавено е дека за време на вежбите ќе се користат ирански подморници и беспилотни летала.

Адмиралот Хабиболах Сајари, командант на годинашниот маневар наречен „Золфагар-99“, рече дека целта на воената игра е „да се подобри подготвеноста за соочување со странски закани и каква било можна инвазија“.

Иранската морнарица управува со сите операции во Оманскиот залив, на источната страна на Ормунскиот теснец, низ кој минуваат 20 проценти од сите премини за трговија со нафта.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“