Поместните православни цркви апелираат за заштита на христијаните ширум светот

Од:

Претставници на Поместните православни цркви денеска потпишаа декларација со која апелираат да престанат прогоните на христијаните во различни региони од светот.

Декларацијата на рускиот претседател Владимир Путин му ја предаде патријархот на Москва и цела Русија, Кирил.

– Се обраќаме со апел кон сите завојувани страни и кон тие, што можат политички да влијаат врз ситуацијата. Запрете го бранот на насилство и убивањето на мирното население. Прогласете мораториум на воените дејствија, за да може преку преговори да се постигне мировно решение за граѓанските конфликти, се посочува во документот.

Со декларацијата се бара и итно ослободување на двајцата киднапирани митрополити во Сирија. Тие се киднапирани во април од страна на бунтовниците.

– Илјадници христијани секојдневно се мачени, прогонувани од родните места, убивани. Информации за мачења и убиства на христијани доаѓаат од Нигерија, од Пакистан, од Авганистан, од Индија. Вознемиреност предизвикува и ситуацијата во Блискиот Исток, каде низа страни се зафатени од насилство и терор, чии жртви се христијани, се посочува во Декларацијата.

Во документот се наведува и дека во Косово се оштетуваат религиозни објекти и храмови, како и гробишта на христијани.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски