Полуавтономниот регион Пунтланд објави вчера дека ги прекинува односите со централната Влада на Сомалија.
Ова е последната препрека во напорите за смирување на состојбата во државата од Африканскиот Рог по 20 годишниот конфликт во неа.
Пунтланд ја обвини Владата на Могадишу дека одбива да ја подели власта и странската помош со регионите во согласност со федеративното уредување на земјата.
Регионот ја обвинува централната Влада и дека ги намалила операциите против исламистичките екстремисти, поврзани со Ал Каеда.