Полско расипано месо откриено во уште две земји на ЕУ

Од:

Грција и Чешка се последните земји во кои е пронајдено увезено расипано месо од полска касапница, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврди Европската комисија по почетокот на истрагата вчера во Полска. Европските инспектори работат заедно со нивните полски колеги откако изби скандалот со расипано говедско месо увезено во петнаесет земји на Унијата: Грција, Чешка, Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска и Словачка.

Европската комисија не одговори колкаво вкупно количество од ова месо извезено во ЕУ се нашло кај потрошувачите. Франција соопшти дека од 2,7 тони извезено месо продадени се 795 килограми во земјата, 650 килограми се пронајдени, од кои 500 килограми се уништени. Останатите 145 килограми се идентификувани, но не е извесно дали дел од тоа месо сѐ уште се наоѓа на пазарот.

Кон крајот на јануари полски истражувачки новинар го обелодени скандалот кој ја тресе цела ЕУ за полска касапница во која се малтретирани говеда и се произведува месо иако животните биле болни и заразени.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците