Полските власти лани на само 390 лица им доделиле статус на бегалци, од 12.000 кои го побарале

Од:

Полските власти во текот на минатата година примиле 12.000 молби од странци за доделување на статус на бегалец, но одобриле само 390, соопшти денеска портпаролот на Службата за прашања на странците, цитиран од ТАСС.

Според портпаролот Јакуб Дуджак, бројот на барања во 2015 и 2016 година бил речиси еднаков. Меѓу лицата кои побарале азил најмногу (73 отсто) се Руси, 11 отсто се Украинци, следени од државјани на Таџикистан, Ерменија и Грузија. На сите пропишани услови за доделување статус на бегалец одговарале 129 граѓани на Русија, 97 на Украина, 43 на Сирија и 18 на Ирак.

– Барањата на околу 2.000 лица беа отфрлени, а 9.500 процедури беа прекинати откако кандидатите ја напуштија Полска во правец на Западна Европа, дополни Дуджак.

Тој подвлече дека мигрантите често пати на Полска гледаат како на транзитна земја и со поднесување на барањето за азил во неа, всушност се стремат да го легализираат својот престој во други земји.

Минатата недела полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Блашчак, изјави дека се подготвуваат измени во законот за странци со цел да се ограничи нелегалната миграција. Во иднина на мигрантите нема да им се дозволува да влегуваат на територијата на земјата, а нивните барања за азил ќе се разгледуваат на самата граница, по забрзана процедура.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата