Полските медиуми за потеклото на германската канцеларка: Меркел можеше да се презива Казмиерчак

Од:

Полските медиуми повторно се занимаваат со полското потекло на германската канцеларка Ангела Меркел, откако полскиот премиер Доналд Туск на твитер напиша: „Меркел праша како правилно се изговара Казмиерчак. Успеа да го изговори по вториот обид”, завршувајќи ја реченицата со знак кој значи насмевка.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, познато е дека Стефан Корнелиус, автор на новата биографска книга „Ангела Меркел – канцеларката и нејзиниот свет”, откри дека нејзиниот дедо од страна на татко и е роден како Лудвик Казмиерчак во 1896 година во Познањ, како вонбрачно дете на домашната помошничка Ана Казмиерчак и Лудвиг Војчеховски.

Познањ, тогаш бил дел од Германија, а по Првата светска војна и припаднал на Полска.

На една од пронајдените фотографии од дедото на Меркел, тој е сликан во полска униформа со која се борел на страната на Французите против германската армија на западниот фронт во Првата светска војна.

Казмиерчак живеел во Познањ до 1930 година, а потоа се преселил во Берлин, каде го сменил своето презиме во Казнер (моминското презиме на Меркел).

Полските медиуми постојано ги анализираат средбите меѓу Туск и Меркел и не пропуштаат да споменат дека таа на полскиот премиер секогаш му се обраќа со зборовите „Драги Доналде“.

Минатата година, Полјаците негативно реагираа по објавувањето на една фотографија на која Туск и бакнува рака на германската канцеларка.

Иако етиката вели дека со наведнување кон женската рака, мажот само назначува бакнеж, а всушност нема контакт со кожата, „врелиот“ Полјак не ги почитуваше општествените правила, коментираа Полјаците.

Мнозинството од полските граѓани всушност сметаа дека фотографијата совршено ја одразува симболиката на тоа каде се наоѓа моќта во Европа.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски