Полскиот претседател Дуда положи заклетва за вториот мандат

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пред пратениците во Парламентот положи заклетва за вториот петгодишен мандат.

Опозициските пратеници и премиерот не присуствуваа на седницата, бидејќи сметаат дека тој не го почитувал Уставот за време на неговиот прв мандат и затоа што неговите политики, како што велат, се во судир со лидерите на ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, Дуда е близок соработник на владејачката десничарска коалиција, што ја сочинуваат партијата Право и правда и две помали политички партии.

По заклетвата, Дуда вети отвореност за сите групи и политички партии и ја истакна клучната улога на семејството и потребата тоа да се заштити.

Дуда освои 51,03 отсто од гласовите на претседателските избори на 12 јули, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, освои 48,97 отсто.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он