Полскиот министер за земјоделство, револтиран од цените на украинските житарки, поднесува оставка

Од:

Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка поради украинските цени на житото, пишува Ројтерс. Полска сака Европската унија да ги искористи сите расположливи средства за да го ограничи влезот на украинското жито на пазарот на Унијата, имајќи предвид дека земјоделците се повеќе се незадоволни од падот на цените и продажбата.

„Бараме употреба на сите регулаторни инструменти – квоти, тарифи – кои ќе го ограничат или блокираат увозот на украинско жито во Полска“, рече премиерот Матеуш Моравјецки на прес-конференција минатата недела.

Украина е еден од најголемите извозници на жито во светот, но руската инвазија го попречи нејзиниот извоз преку пристаништата на Црното Море. Минатото лето беше постигнат договор со посредство на ОН и Турција за коридор за обезбедување на снабдување на земјите од Блискиот Исток и Африка, кои се главни клиенти.

Дел од украинските пратки во меѓувреме беа пренасочени преку Полска и Романија, а некои таму го завршија патувањето. Бидејќи се поевтини од родот на локалните земјоделци, тие вршат притисок врз цените и нивната продажба.

„Полска ќе побара од Европската комисија да примени заштитна клаузула за увоз на жито од Украина во Полска“, рече Ковалчик минатата среда по состанокот со претставниците на фармерите, додавајќи дека Полска ќе ги повика Словачка, Романија, Унгарија и Бугарија да преземат слични чекори.

Би можело да ве интересира

УЕФА ја казни Украина за расистичко навивање пред натпреварот со македонската репрезентација

Злосторство во Полска: Пронајдени тела на три бебиња, мајката осомничена за убиство и инцест

Горан Наумовски

Сантос се уште не знае дали ќе остане селектор на Полска

Горан Наумовски

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија

Лукашенко: И наредив на владата да ги обнови контактите со Полска

Полска испраќа 2.000 војници на границата со Белорусија