Полската влада усвои одлука за зголемување на производството на муниција, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
-Полската влада има намера да издвои две милијарди злоти (463,32 милиони долари) за овие цели, рече полскиот премиер.
Ги охрабрувам приватните компании, државните компании, странските производители брзо да го прифатат предизвикот и да отворат нови фабрики за производство на муниција на територијата на Полска, рече Моравјецки на прес-конференција.
Тој потврди дека владата има намера да одвои две милијарди злоти од државниот буџет за овие цели.
Во извештајот на Ројтерс се потсетува дека 17 земји-членки на ЕУ и Норвешка минатата недела се договорија заеднички да обезбедат муниција за помош на Украина, но и да ги надополнат сопствените резерви.