Полската Влада го преживеа гласањето за недоверба

Од:

Полската Влада лесно ја преживеа денешната расправа и гласање за недоверба во Парламентот, што го побара опозицијата, обвинувајќи ја власта дека се стреми кон „диктатура“ и „болшевичка централизација“, пренесоа американските медиуми.

Резултатот од гласањето во Долниот дом на Парламентот беше 238 за останување на владата, наспроти 174 за нејзина смена, и четворица воздржани.

Поинаков исход за владата на премиерката Беате Шидло не се ни очекуваше земајќи го предвид мнозинството кое партијата на „Правото и правдата“ го има во 460-члениот Парламент.

Владата на партијата „Право и правда“ е цел на критика од лидерите на Европската Унија кои наведуваат дека таа го поткопува владеењето на правото и демократијата во Полска.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата