Полска воведе времена контрола на границите поради самитот на НАТО

Од:

Полските власти воведоа времена контрола на внатрешните граници со државите од Шенген зоната и го стопираа локалниот пограничен сообраќај со руската Калининградска област и со украинските територии покрај заедничката граница.

Мерките се преземени во врска со претстојниот самит на НАТО во Варшава на 8 и 9 јули и католичките Светски денови на младите, закажани за периодот од 26 до 31 јули во Краков, јави ТАСС.

Ограничувањата на внатрешните граници на ЕУ ќе бидат укинати на 2 август. Полското Министерство за надворешни работи дополнително ќе соопшти кога ќе биде обновен локалниот пограничен сообраќај со Русија и Украина.

За разлика од процедурите за надворешните граници проверките на границите со Германија, Чешка и Словачка ќе се извршуваат по избор на одредени лица, по анализата на ризиците и врз основа на податоците од странските служби за безбедност. 

На внатрешната граница на Полска со земјите од ЕУ се обезбедени 285 пунктови за преминување, каде ќе можат да се очекуваат проверки. Пограничните службеници ќе користат специјални автомобили, т.н. шенгенбуси. Во нив е монтирана неопходната апаратура за пристап до бази на податоци, проверка на документи и радиометриска контрола.

Од 7 до 10 јули вом сила ќе бидат ограничувањата на летовите. На малите авиони ќе им биде забрането да летаат во радиус од сто километри од Варшава, а некои големи воздушни летала ќе мора малку да го променат курсот, доколку минуваат над центарот на градот, специјално над Националниот стадион, главното место на претстојниот самит.

На самитот во Варшава ќе учествуваат 58 делегации од различни земји, вклучувајќи ги 28-те членки на Алијансата и 26-те земји-партнери, како и претставници на седиштето на НАТО, Светската банка, Обединетите нации и Европската унија.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата