Полска во разговори со САД за складишта за американско оружје, Летонија веќе одобрила

Од:

Полска преговара со САД за разместување складишта за американска воена опрема на своја територија, соопшти денеска полското Министерство за одбрана.

Тие наведуваат дека американски официјални лица му рекле на министерот за одбрана Томаш Шимоњак за време на посетата на Вашингтон во мај, дека ќе биде постигнат договорот за поставување складишта.

И Литванија се подготвува да прифати тешко американско оружје. Напоредно со тоа, продолжуваат преговорите со САД за постојано распоредување на наша територија, изјави Јузас Олексас, министер за одбрана на Литванија.

– Сметаме дека дел од него (Ејбрамс и Бредли) ќе бидат во Литванија и во процес сме на подготовка на нашата воена инфраструктура да може да се користи за позиционирање. Речиси сме подготвени, рече Олексас.

– Разговаравме со нашите американски сојузници дека би имало смисла оружјето да се распореди тука за постојано за да се зголеми безбедноста. Ако биде донесено такво решение тоа ќе биде добро за нашата држава, смета министерот.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата