Полска: Во последното деноноќие седуммина починати од студ

Од:

Во Полска во последните 24 часа од смрзнување починаа уште седум лица, најмногу на југот на земјата, јави полската телевизија ТВН24.

Температурите од околу минус 20 степени во последните 10 денови не ги преживеаа 22 лица, и тоа не само бездомници, туку и постари лица кои ја прецениле својата сила и излегле надвор на подолга прошетка, објавува РТС.

Билансот на починати од студ во Полска од почетокот на јануари изнесува 75 лица, а од почетокот на ноември, кога полските власти почнаа да ја бележат трагичната зимска статистика, студот не го преживеале 90 лица, соопшти Центарот за безбедност при полската Влада.

Црниот рекорд оваа зима и натаму го држи 3 јануари, кога само за еден ден бeа пронајдени 12 безживотни смрзнати тела.

Полските власти, полицијата и противпожарната служба постојано апелираат до граѓаните да не минуваат рамнодушно покрај бездомниците и луѓето на кои им се заканува смрзнување, туку да повикаат полиција, која и самата трага по загрозени луѓе со помош на специјални патроли.

Центарот за безбедност соопшти дека само вчера полицијата успеала да спаси десетици луѓе на кои им се заканувало смрзнување, токму благодарејќи на повиците на случајните минувачи.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата