Полска: Украинците најверојатно ќе добијат пристап до местото на ракетната несреќа

Од:

Полска најверојатно ќе им даде пристап на украинските истражители до местото на ракетната несреќа во југоисточна Полска, изјави советникот за надворешна политика на полскиот претседател. Киев вчера побара „итен пристап“ до местото каде две лица загинаа при пад на проектил.

Ројтерс пренесува дека полскиот претседател Анджеј Дуда рекол дека пристапот до местото на експлозијата мора да биде одобрен од двете земји кои ја водат истрагата, имено Полска и САД. Варшава вели дека експлозијата најверојатно била предизвикана од украинска противвоздушна ракета, што Киев го негира.

„На местото на настанот има американско-полски тим истражители. Украинците побараа пристап до местото на инцидентот“, рече советникот на Дуда, Јакуб Кумоч.

Би можело да ве интересира

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

АБС: Се бара наследник на Зеленски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он