Полска очекува со американската фирма Рејтион да потпише договор вреден 7,6 милијарди долари за купување осум ракетни одбранбени системи Патриот до крајот на оваа година.
– Тие системи ќе ни овозможат гарантирање безбедност на Полска, изјави министерот за одбрана Антони Мацјеревич. Варшава ја смета таа зделка за централен дел од опсежна модернизација на вооружените сили до 2023 година. Мацјеревич оцени дека постои „зголемена агресија и се поголема закана од Истокот“.
Полска ги забрза напорите за модернизација на армијата по руското припојување на Крим во 2014 година. Договорот за купување треба да биде одобрен од Конгресот на САД.