Полска прогласи вонредна состојба на границата со Белорусија

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда прогласи вонредна состојба во делови од двата региона кои граничат со Белорусија, изјави денеска неговиот портпарол, како одговор на големиот прилив на мигранти од соседна Белорусија.

Европската унија го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека користи мигранти од земји, како што се Ирак и Авганистан, за „хибридна војна“ со цел да изврши притисок врз Унијата да ги повлече санкциите воведени против Минск.

Полска се обидува да ја зајакне својата граница со поставување бодликава жица и распоредување дополнителни безбедносни сили.

– Ситуацијата на границата со Белорусија е тешка и опасна. Денес, ние како Полска, бидејќи сме одговорни за нашите сопствени граници, но и за границите на Европската унија, мора да преземеме мерки за да ја гарантираме безбедноста на Полска и ЕУ, истакна портпаролот на претседателот, Блажеј Спичалски на прес-конференција.

Полската гранична стража вчера објави дека забележала 3.500 обиди за илегално преминување на границата само во август, од кои 2.500 успеала да ги спречи.

Владата нагласи дека мора да биде подготвена за можни „провокации“ за време на воената вежба на територијата на Русија и Белорусија во близина на границата со Полска. Таа воена вежба ќе започне на 10 септември. Во маневрите „Запад-2021“ ќе учествуваат илјадници војници, тенкови, артилерија и авиони.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња