Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Од:

Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) изврши претреси на неколку локации како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, објави денеска агенцијата.

Полска тврди дека станала главна цел на руските шпиони по рускиот напад на Украина, објави Ројтерс.

Полска ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.

„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението на ABW, повикувајќи се на веб-страницата voice-of-europe.eu, за која тврди дека објавува проруски материјали.

Претресите беа извршени во вторникот на неколку локации во Варшава и во Тихи, град во југозападна Полска. Не беа дадени конкретни детали.

Операцијата е координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се вели во соопштението.

Во средата чешката влада воведе санкции за две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и веб-страницата voiceofeurope.com, поради проруското влијание во Европа.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он