Полска: Ова не е Европа во која сакавме да влеземе

Од:

Шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски ги обвини денеска лидерите на ЕУ дека преземаат чекори надвор од постоечките прописи на Унијата и истакна дека тоа не е Унијата на која Полска сакала да се приклучи.

Европската комисија наскоро би требало да го објави мислењето за владеењето на правото во Полска и уставната криза во земјата. ЕК исто така, на Варшава официјално и постави рок до следниот понеделник да најде решение, во спротивно се закани со санкции.

Вашчиковски истакна дека заканата со санкции го преминува она што го пишува во темелите на договорот со ЕУ и дека не би требало тоа да се применува.

– Тоа не е Унија, ниту вид на членство на кое се согласивме, предупреди полскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата