Полска нема да прими бегалци од Италија

Од:

Откажано е преселувањето во Полска на бегалците кои во моментов се наоѓаат во Италија, денеска соопшти Министерството за надворешни работи во Варшава, пренесоа полските медиуми, цитирани од ТАСС.

„Причината е што не успеавме да обезбедиме доволно безбедносни гаранции, што се приоритет за полската Влада“, посочи Министерството и објасни дека „немаше можност за соодветна проверка на кандидатите“ и потврдување на нивниот идентитет.

Слични проблеми „за неможност од ефикасна проверка“ се појавија и при контактите со Грција, од каде Полска, исто така, се подготвуваше да прифати бегалци, забележа министерството.

Во рамки на европската програма за пререгистрација на нелегалните мигранти, кои пристигнаа во ЕУ, Полска минатото лето презеде обврска во следните две години да прифати 7.000 бегалци.

Полските власти засега најавуваат дека се подготвени годинава да сместат само 400 лица. Првите 100 од нив, 65 од Грција и 35 од Италија, на полска територија требаше да пристигнат уште во март, но по бриселските атентати премиерот на Полска, Беата Шидло, изјави дека нејзината земја се уште не е подготвена да прими бегалци, напомена ТАСС. 

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он