Полска нема да го испорача Полански во САД

Од:

Полска не прифаќа да го испорача режисерот Роман Полански во САД откако обвинителството на таа земја соопшти дека нема основа за жалба за одлуката на судот Полански да не се испорача во САД.

Од канцеларијата на обвинителството во Краков наведуваат дека анализата на доказите покажала дека претходната одлука на судот, Полански да не се испорача во САД, била исправна.

Со тоа, одлуката на судот, Полански да не се испорача во САД стана правно обврзувaчка и на неа не може повторно да се вложи жалба.

Затворањето на случајот, кој трае повеќе од 40 години, значи дека сега Полански е слободен да живее и работи во Полска, пренесуваат полските медиуми.

Режисерот во 1977 година призна дека имал сексуални односи со 13-годишно девојче за време на снимањето во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски