Полска: Ќе започне обнова на Меморијалниот центар Аушвиц

Од:

И покрај тоа што нема доволно средства за целосна обнова на Меморијалниот центар Аушвиц- Биркенау во Полска, идната година ќе започне реконстраукција на некои делови, најави Меѓународната фондација задолжена за негово зачувување.

Во состав на центарот се бараки, гасни комори и други структури на некогашниот логор на смртта во кој германските нацисти во текот на Втората светска војна убиле околу 1,5 милиони луѓе, претежно Евреи.

Портпаролот на Меморијалниот центар, Бартош Бартизел вели дека благодарение на донации од Германија, Полска и САД се соберени 100 милиони евра, од потребните 120 милиони, што е доволно за почеток на обнова. Идната година најпрвин ќе се започне со поправка на бараките од тули.

-Парите се користат за утврдување на објектите на кои им е потребна итна поправка и изработка на план. Бараките на женскиот логор, најпрвин ќе се поправат, но процесот ќе трае неколку години, вели Бартизел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Сиљановска Давкова повикува на традиционални посети на Треблинка во чест на македонските Евреи

Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц