Полска ќе прими 2.000 украински сирачиња

Од:

Католичката хуманитарна организација Каритас Полска соопшти дека ќе прими 2.000 деца од украинските сиропиталишта. Првата група од 300 деца се очекува да пристигне утре.

– На нашите источни соседи им се заканува хуманитарна катастрофа која брзо се приближува. Одлучивме да одговориме на кризата во Украина и да обезбедиме засолниште за најранливите во нашата земја, изјави денеска директорот на полскиот Каритас, Марцин Изицки.

Децата ќе доаѓаат главно од сиропиталишта во источна Украина, која е најтешко погодена од рускиот напад врз земјата. Првата група ќе биде однесена во Ополе и Честохова во јужниот дел на Полска и ќе биде сместена во хуманитарни центри и верски институции.

Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја започна својата инвазија минатиот четврток, а се проценува дека уште еден милион се раселени во државата.

ОН предупредија на хуманитарна криза и повикаа на итна помош од 1,7 милијарди долари, проценувајќи дека околу 12 милиони луѓе ќе имаат потреба од поддршка во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува