Полска ќе гради сопствен ракетен штит

Од:

Полска во следните десет години ќе создаде сопствен систем за противракетна одбрана, а проектот ќе биде финансиран од државниот буџет, изјави доцна синоќа шефот на полското Биро за национална безбедност, Станислав Кожеј.

Ова доаѓа во момент кога во Полска се повеќе се критикува одлуката на претседателот на САД Барак Обама од 2009 година да ги ограничи плановите на неговиот претходник Џорџ Буш за противракетен штит во Европа со учество на Полска и Чешка.

– Противракетната одбрана е еден од приоритетите за развој на нашите вооружени сили, изјави Кожеј за телевизијата ТВН 24. Ракетниот штит е дел од системот на НАТО, но тоа не значи дека Полска ќе се откаже од амриканскиот штит. Полскиот штит ќе биде создаден од 2013 до 2022 со средства од буџетот на Министерството за одбрана и ќе чини неколку милијарди злоти (1 евро = 4.08 полски злоти), истакна Кожеј.

Според Кожеј, ако Полска сака да има армија, таа треба да биде ефикасна. Ракетните закани се околу 80 проценти од сите ризици. Ако кон нас биде истрелана ракета, никој нема да ја собори. Нашата противвоздушна одбрана, исто така, е многу слаба. Сакаме или не, треба да создадеме капацитети за борба во воздух, нагласи шефот на полското Биро за национална безбедност.

Претходно полскиот претседател Бронислав Коморовски изјави дека Полска си дозволила грешка со тоа што не го зела предвид ризикот, поврзан со смената на претседателите во САД.

– Не сакаме пак да ја направиме истата грешка. Треба да имаме противракетен систем како елемент од нашата одбрана, изјави Коморовски за неделникот „Впрост“.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците