Полска ја осуди САД за барањето да го уапси режисерот Роман Полански

Од:

Политичкиот советник на полскиот претседател Бронислав Коморовски,остро го осуди барањето на властите на САД,за апсење на филмскиот режисер Роман Полански, за време на неговиот минатонеделен престој во Варшава на отворањето на Музејот на еврејската историја во Полска.

Според советникот Томаж Налеш, таквиот однос на Американците е „апсолутно игнорантски“ посебно кон Полански и неговото потекло.

– Нечесно е и нефер да бараш апсење на дете на Холокаустот, како што Налеш го нарекува режисерот кој потекнува од Полска, од едно семејство на полски Евреи. Според советникот на претседателот Коморовски, „гледано низ призмата на полската историја, барањето да се приведе режисерот беше апсолутно игноранстки потег“ на американските власти.

Американските правосудни власти побараа од Полска да го приведат и да го екстрадираат Полански во САД, каде уште од 1977 година е обвинат за сексуален однос со една 13 годишна девојка и за силување. Од тогаш е издадена и потерницата за неговото апсење.

Полански побегна од САД, пред да биде уапсен и цели 37 години живее слобдоно во Франција,чии власти одбиваат да ги прифатат американските обвинувња.

Ведаш по пристигнувањето во Варшава,минатата недела,како гостин на отворањето на музејот, Полански беше приведен и сослушуван од полската полиција,но не беше уапсен.

Во 2010 година, полскиото обвинителство соопшти дека познатиот режисер може да доаѓа и да престојува во земјата каде е роден и каде ги има направено своите први филмови, затоа што според полскиот Устав, кривичното дело за кое е обвинуван во САД, за полските закони е веќе застарено.

Полански кој никогаш не се врати во САД, по бегството, изминатите години на неколкупати престојуваше во Полска, а сега се подготвува таму да го снима својот најнов филм.

Засега нема никаква реакција на САД во врска со критиките на советникот на полскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел