Полска ја одбележа годишницата од падот на авионот

Од:

Во Полска денеска се одбележува седмата годишнина од падот на авионот во Русија, при што загинаа тогашниот претседател на Полска Лех Качински, неговата сопруга и уште 94 лица.

Владејачката партија на Полска ја предводи Јарослав Качински, братот близнак на загинатиот претседател, кој инсистира на редовна комеморација за една од најголемите трагедии на земјата, како и на почит кон поранешниот претседател.

Полскиот претседател Андржеј Дуда и ќерката на покојниот претседател Марта Качински положија цвеќе на гробот во Краков.

Јарослав Качински положи цвеќе покрај варшавската претседателска палата во 8.41 часот, по локално време, – моментот кога пред седум години се случи несреќата со авионот.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата