Полска и Литванија тврдат дека границата со Белорусија не е затворена

Од:

Границите на Полска и Литванија со Белорусија функционираат нормално, изјавија официјални лица на тие држави откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека земјата е принудена да ги затвори границите со Полска и Литванија, како и да ги зајакне граничните контроли со Украина.

Портпаролот на полската Влада Пјотр Милер во порака наведува дека државата не добила никаква потврда дека границата со Белорусија е затворена, додека Министерството за надворешни работи и соопшти дека границата функционира нормално.

Полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Јаблонски нагласи дека неговата држава го разбира соопштението на Лукашенко како „уште еден елемент на пропагандната кампања, психолошка игра која има за цел да создаде чувство на надворешна закана“.

Шефот на граничната полиција во Литванија исто така вели дека границата работи како и обично.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Ликевичиус рече дека тие не знаат што значи најавата на Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Пронајдено телото на четвртиот американски војник исчезнат во Литванија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски