Полска и Белорусија им забранија на претставници на ОН посета на нивната граница

Од:

Обединети нации денеска соопштија дека Полска и Белорусија одбиле пристап до границата помеѓу двете држави, каде нивен тим сакаше да ја испита мигрантската криза.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права на прес-конференција истакна дека еден тим на ОН може да оди во Полска, но нема дозвола да ја посети граничната зона, додека Белорусија го блокирала пристапот до цела нејзина територија.

– Бараме од властите на двете земји веднаш да дозволат пристап до граничните зони за претставниците на хуманитарните организации и организациите за одбрана на човековите права, за новинарите, адвокатите, како и претставниците на цивилното општество, посочи портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Таа додаде дека Високиот комесаријат исто така ги повикува Белорусија и Полска „итно да се справат“ со очајната ситуација во која се наоѓаат мигрантите и бегалците на границата помеѓу двете држави.

Тим на Високиот комесаријат претстојуваше во Полска од 29 ноември до 3 декември и иако немаше дозвола да ја посети пограничната зона, членовите на тимот се сретнаа со претставниците на Владата и на вцивилното општество и разговараа со 31 мигрант, кои пристигнале во земјата во периодот од август до ноември.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права истакна дека мигрантите состојбата од двете страни на границата ја опишале како очајна, каде или нема или има ограничен пристап до храна, вода и засолништа.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња