Полска го купува американскиот ракетен систем Патриот

Од:

Полското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ја избра американската компанија „Рејтион“, производителот на ракетниот систем земја-воздух „Патриот“, за снабдувач на полскиот систем за ракетна одбрана.

„Американскиот систем најмногу му одговара на полскиот систем за безбедност, во рамки е на системот на НАТО и се користи во неколку земја“, наведе министерството,а пренесе руската агенција ТАСС.

Британските медиуми јавија дека полската Влада ја одобри препораката на Министерството за одбрана преку тендер да го нарача американскиот систем „Патриот“.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски денеска соопшти дека Полска ќе влезе во преговори со САД заради финализација на тендерот вреден околу пет милијарди долари.

Министерството за одбрана соопшти и дека за натамошни тестови за купување на 70 хеликоптери ја избра компанијата Ербас и нивниот хеликоптер „ЕЦ-725 Каракал“, а не хеликоптерите на американските понудувачи.

Американската војска кон крајот на минатиот месец во близина на Варшава распореди една батерија за противракетна одбрана „Патриот“, во рамки на заедничките воени вежби со членките на НАТО во Полска, а во светлина на конфликтот во соседната Украина.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата