Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Од:

Полска потпиша договор за заем во износ од 4 милијарди долари во рамките на програмата за странско воено финансирање на Соединетите Американски Држави, кои ќе се користат за трансформација на нејзините вооружени сили, соопшти министерот за одбрана на таа земја Владислав Косињак-Камиш.

Косињак-Камиш на платформата Х рече дека договорот е уште еден доказ за голема доверба и силен сојуз меѓу Полска и САД, пренесе Ројтерс.

Косињак-Камиш изјави дека САД досега обезбедиле повеќе од 11 милијарди долари за финансирање на полските програми за оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана Патриот и хеликоптери Апачи.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани