Полска би можела да ги укине мерките следниот месец

Од:

Полска би можела да ги укине ограничувањата во март доколку дневниот број на новозаразени продолжи да паѓа со сегашната стапка, рече министерот за здравство Адам Ниџиелски.

Бранот на инфекција со вирусот омикрон доведе до рекорден број на новозаразени луѓе во Полска кон крајот на јануари, но тие оттогаш паѓаат.

„Доколку се задржи темпото со кое паѓа бројот на заразени, постои реална можност мерките да бидат укинати во март“, изјави Ниџиелски за весникот Факт.

Така, носењето маски во затворен простор би станало препорака наместо обврска, а приоритет би било враќањето на учениците на училиште. Ниџиелски, исто така, рече дека сака да го скрати периодот на изолација на заразените од десет дена на седум.

Во Полска во моментов е пропишано да се носи маска на затворени јавни места, а ограничен е бројот на невакцинирани лица кои можат да престојуваат во ресторани и други објекти. Овие прописи често не се спроведуваат строго, пишува Ројтерс.

Полска, земја со околу 38 милиони жители, има 5.244.144 случаи на инфекција од почетокот на пандемијата, со 106.894 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази