Полска би ги запрела дипломатските контакти со Русија доколку ЕУ го стори тоа

Од:

Рускиот амбасадор во Варшава денеска е повикан во полското Министерство за надворешни работи за да му се соопшти осудата за нелегалните референдуми и анексијата на украински територии од минатата недела, како и заканите на Русија кон светскиот мир, вклучувајќи ја и заканата кон Полска. Но, државата без Европската Унија нема да го протера амбасадорот, пишуваат дел од светските медиуми.

„Денеска се повикани руските амбасадори во земјите членки на Европската Унија. И ние го повикавме за да го изразиме нашиот став кон нелегалните одлуки на претседателот Владимир Путин за анексијата, исто така нелегална, на територијата на Украина. Станува збор и за тоа дека Руската Федерција упатува закани кон светскиот мир, како и кон нашата земја“, информираше портпаролот на полското МНР, Лукаш Јашина.

По средбата во полското МНР, рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев негираше дека Русија го крши меѓународното право.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани