Половина од лабуритсичката влада во сенка бара оставка од Џереми Корбин

Од:

Половина од членовите на лабуристичката влада во сенка, побара од лидерот на Лабуристичката  партија, Џереми Корбин да поднесе оставка, поради начинот на кој ја водеше  кампањата за референдумот за ЕУ.

Групата министри го обвинува Корбин дека во текот на кампањата за референдумот се однесувал „бледо и незаинтересирано“ како и „крајно неубедливо“.

Корбин претходно изјави дека направил „се што требало за успех на кампањата“ за останување на Британија во ЕУ, што беше официјален став на лабуристите.

Активисти на партијата, како и министри во владата во сенка, меѓутоа, го обвинуваат својот лидер дека е виновен за фијаското на партијата, затоа што многу традционални гласачи на лабуристите, гласале за Брегзит, иако се тврдеше дека гласачите на партијата се определени да гласаат против заминувањето.

Се покажа дека гласачите во североисточниот дел на Англија, каде партијата редовно победува, во голем број гласала за Брегзит, а дека лабуристичките гласачи така се однесувале и во Велс, традиционално лабуристичко упориште.

Во Лондон се  смета дека тоа е најголемото изнендување на референдумот од изминатиот четврток.

Вината за тоа му се припишува  на Корбин, затоа што се верува дека со многу поенергична кампања на лидерот и на партиските активисти, можеше да се измени исходот од изјаснувањето на Британците.

На две недели пред гласањето, Лабуристичката партија призна дека дури 40 отсто од нејзните гласачи во Англија „не знаат каков е ставот на партијата“ за референдумот.
Корбин одбиваше да води кампања со конзервативците и со премиерот Дејвид Камерон, инсистирајќи дека референдумот е „внатрешна работа“ на ториевците, како и дека тој нема намера „да го спасува Камерон од неговите“ не сметајќи на последиците за државата.
Аналитичарите во Лондон веруваат дека Корбин и неговата крајно левичарски блок сметаа на падот на Камерон, по пораз на реферерендумот и на одржување предвремени парламентарни избори, гледајќи во тоа шанса лабуристите (и Корбин) да ја освојат власта.

Групата која бара сменување на Корбин, смета дека со него паријата нема шанси да победи на таквите избори.

„Бунтот“ кај лабуристите доаѓа по сменувањето на Хилари Бен, министер за надворешни работи во сенка, кој беше сменет откако јавно му ирази недовреба на Џереми Корбин.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он