Половина милион луѓе во Одеса останаа без струја

Од:

Поради „несреќа“ на трафостаницата, Одеса и регионот околу градот остана без струја, соопшти украинскиот премиер Денис Шмихал.

„Денеска се случи технолошка несреќа во Одеса на една од високонапонските трафостаници кои постојано беа оштетувани од руските напади“, рече Шмихал.

Речиси 500.000 луѓе останаа без струја, објави Максим Марченко, шеф на воената управа на регионот Одеса.

„Штетата е сложена и многу сериозна, затоа е рано да се даваат какви било предвидувања за завршување на поправките“, рече Марченко. Тој додаде дека греењето, канализацијата и водоводот работат нормално.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ