Црвениот Pagani Huayra кој го гледате на сликата е посебен поради една проста причина – станува збор за првиот произведен примерок на овој модел, кој носи број на шасија 01, а кој една германска компанија го понуди на продажба за 2 милиони евра.
Колку фактот дека носи број 01 придонесува за цената, говори податокот дека половен Huarya, помлад од овој модел, можете да го купите за половина помала цена, односно 895.000 евра.
За неговата цена може да се купи ново Ferrari F12 Berlinetta и да се заштедат преку милион евра, што создава одлични можности за подоцнежна обработка. Сепак, моделот број еден си е модел број еден.