„Политико“: Трамп ќе потпише нова верзија на уредбата за забрана за влез во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише нова верзија на уредбата за забрана за влез во САД, објави „Политико“.

Трамп ќе ја потпише новата уредба во Министерството за внатрешна безбедност, наведува „Политико“, повикувајќи се на високи владини извори.

Засега не се знае колку значајни измени ќе бидат внесени во новиот текст на уредбата, ниту дали Белата куќа ќе продолжи со судскиот спор околу старата уредба.

Првата уредба Трамп ја потпиша на 27 јануари и со неа им е забранет влез во САД на граѓани на седум држави на 90 дена, на бегалци на 120 дена, а на сириски бегалци – трајно. Уредбата беше понишптена со одлука на суд.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада