„Политико“: Линднер ќе биде највлијателен политичар во Европа во 2018 година

Од:

Порталот „Политико“ направи листа од 28 личности, кои според нив, најмногу ќе влијаат на настаните во Европа во следната година. На листата има 18 мажи и 10 жени од 28 земји.

Помеѓу личностите има политичари, бизнисмени, уметници и писатели.

„Политико“ очекува политиката да се врати во Европа во 2018 година, па меѓу првите десет личности на листата се наоѓаат осум политичари, или како што ги опишуваат од порталот, луѓе кои водат војна со други средства.

Листата ја предводи лидерот на германската либерална Слободна демократска партија (ФДП), Кристијан Линднер. Според „Политико“, тој ќе има клучна улога во политиката во Германија како предводник на сегментот на гласачкото тело кој манифестира воздржаност кон зајакнатата интеграција во рамки на ЕУ.

Линдер се посочува како главниот виновник за пропаѓањето на преговорите за формирање на влада во Германија со што тој беше во центарот на дебатите во земјата.

Порталот оценува дека следната година лидерите на ЕУ најголем дел од времето ќе се знимаваат со иднината на Унијата, а Линднер би дејствувал како кочничар на заложбите на Меркел и Макрон за посилни врски меѓу членките.

– Повеќе од кој било друг политичар, Линднер, независно дали ќе биде дел од владата или надвор од неа, ќе влијае врз тоа колку далеку можат да одат работите, оценува „Политико“.

На второто место е британскиот министер за екологија Мајкл Гоув, кој според порталот е мозокот на Брегзитот, а на третата позиција се наоѓа министерката за труд на Франција, Муриел Пенико.

Во топ 10 од политичарите се и холандскиот премиер Марк Руте кој е четврти на листата, претседателката на Долниот дом од италијанскиот Парламент, Лаура Болдрини, која е петта, потпретседателот на Европската комисија Јирки Катаинен е седми, а известувачот на Европскиот парламент за Бребзит, Ги Верхофстат е десетти.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември