Политико: Гренел ја одби понудата на Трамп да биде директор на националното разузнавање

Од:

Поранешниот директор на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел, ја одбил понудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно да ја преземе функцијата, објави денеска американскиот сајт Политико, повикувајќи се на извори.

Според извештаите, и покрај неговите обиди да стане државен секретар, вклучувајќи ја и поддршката од конзервативните влијателни на социјалните мрежи, Трамп го избрал сенаторот Марко Рубио за функцијата.

Гренел, познат по својата лојалност кон Трамп, останува близок соработник, а изворите велат дека би можел да добие понуда за уште една важна позиција доколку одлучи да ја прифати.

Би можело да ве интересира

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он

Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

Гренел: Победата на Бајден ќе го врати Балканот во статус кво

А1он