Политичко затоплување во Русија? Ни приближно.

Од:

Се одржа митинг во спомен на опозиционерот Немцов, ослободен беше активистот Дадин, се отвори уште еден предизборен штаб на опонентот на Кремљ, Навални. Да не започна политичко затоплување во Русија? Е како да не

Дојче веле – Берлин

Пушкиновиот плоштад, недела 26 февруари. Во центарот на руската престолнина со часови одекнува „Русија без Путин!“ За време на митингот во спомен на пред две години убиениот опозиционер Борис Немцов, илјадници луѓе скандираа и други пароли – на пример, „Долу рацете од кримските Татари!“ Полицајците гледаат, но не се вмешуваат. Слични сцени се одигруваат и во Санкт Петербург, Нижни Новогород, Новосибирск. Нема „респектирани“. Нема уапсени.

Сибир, Барнаул, истиот ден. На слобода излезе Илдар Дадин. Првиот активист со реална пресуда – затвор заради повеќекратни прекршоци на редот во организирањето на митинзи, кој помина повеќе од една година зад решетки. Незаслужено, на крајот признаа властите. Тој ќе добие обештетување за морална и материјална штета. И тој планира да ја продолжи својата битка – ќе се бори за правата на лишените од слобода, против лошите услови во затворите.

Екатеринбург, на Урал, истиот викенд. Опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој започна изборна кампања, го отвора својот трет предизборен штаб во земјата. Тој го нарече Кремљ „група мафиози, кои живеат како шахови и кралеви“. Навални сака да им ја одземе власта и веќе следната година да стане претседател на Русија. Тој уверува дека никој не може да го сопре во тоа.

Во земјата се уште се е замрзнато

Совпаѓања? Или во февруари 2017 година во Русија незапирливо дошла политичка пролет? Не. Тука се уште е студено и замрзнато. На учесниците на претходно спомнатото одбележување во чест на Немцов не им беше дозволено да поминат покрај местото каде тој беше убиен – по Големиот Москворецки мост кој води кон Црвениот плоштад.

Ако ги пуштат толку блиску до Кремљ, според чиновниците ќе биде веќе претерано. Намсето тоа, униформирани лица го „чистат“ преклу ноќта импровизираниот народен споменик на местото на убиството, каде луќето ставаат цвеќиња.

Данин е ослободен затоа што правосудните органи признаа дека згрешиле – но само формално. Грешката всушност била производ на судството, а не на законот. А законот си дејствува – жителите на Русија нека стравуваат да не се разбудат во затвори, ако протестираат против путиновиот систем.

Што се однесува до Навални, допрва треба да дознаеме каков простор за маневри ќе му остават. Кремљ се уште не зазел категорична позиција кон опозиционерот. Засега основачот на Фондот за борба против корупцијата планира да се бори за своето уставно право за добие шанса да излезе на избори, бидејќи веќе е осуден по делото „Кировлес“.

Засега. затоа што е доволен и најмал, безначаен повод за да се прати човек зад решетки. Тогаш изборната кампања на навални во истиот миг ќе заврши.

Да се чува привидната благосостојба

За власта е далеку позгодно да им дозволи на неколку илјади луѓе мирно да минат преку центарот на Москва – нека си протестираат против едно од најдрските политички убиства во современото доба. Тоа е покорисно отколку со сила да ги растера илјадниците демонстранти, цементирајќи го така својот имиџ на жестока полициска држава.

Далеку е позгодно да се пушти на слобода еден опозициски активист – сетете се, по нешто повеќе од година во затвор – човекот успеал да го привлече вниманието на светската јавност за својата судбина, човек кој претрпел малтретирања. Тоа е покорисно отколку да продолжи со измачувањата, та светот да се ужаснува колку се лоши, нечовечки и жестоки затворите во Русија.

Покорисно е да ја негува привидната демократија, да го трпи единствениот вистински опозиционер претендент за претседателската позиција. Покорисно е да го апси. Барем за сега.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски