Политички ривал на Махмуд Абас осуден на две години затвор

Од:

Палестински суд го осуди Мухамед Дахлан, кој важи за главен политички ривал на актуелниот палестински претседател Махмуд Абас, на две години затвор поради „навреда на државните институции“.

Пресудата е донесена уште на 6 март, но дури сега е објавена во палестинските весници што излегуваат на Западниот Брег.

Дахлан, кој живее во егзил во Обединетите Арапски Емирати, оцени дека пресудата е политички мотивирана и дека има за цел да го одврати од плановите да биде противкандидат на Абас на претстојните избори за лидер на  палестинското владејачко движење Фатах.

Тој го обвини Абас дека влијаел врз сидот за донесување на ваквата пресуда и најави преземање „правни мерки“, без да прецизира детали.

Во 2011 година 52-годишниот Дахлан беше исклучен од Фатах, поради обвинение за корупција. Дахлан вели дека не е виновен и дека му се подметнуваат обвинувањата за корупција со цел да биде отстранет од врвот на движењето. До ваквите обвинувања Дахлан важеше за еден од најсериозните кандидати за наследник на Абас.

По исклучувањето од Фатах, Дахлан го обвини Абас дека манипулира со Палестинската автономна управа, а во едно интрвју дури оцени дека актуелниот палестински претседател и лидер на Фатах претставува „катастрофа за Палестинците“.

На ваквите обвинувања Абас возврати со тврдење дека Дахлан е вмешан во шест убиства, инсинуирајќи дека е можно тој да стои и зад убиството на поранешниот палестински лидер Јасеф Арафат, кој почина под неразјаснети околности од 2004 година.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја