Политичари со пораки за Нотр Дам

Од:

Стотина пожарникари во Париз се уште се обидуваат да го изгаснат огнот во катедралата Нотр дам во Париз. Според нив следниот час и половина ќе биде пресуден и ќе се знае дали ќе биде изгаснат пожарот. Од огнот веќе се урна едната кула и дел од покривот на Богородичината црква.

Поради катастрофалниот пожар во катедралата Нотр Дам се огласи и портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Болат овие страшни слики на Нотр Дам во пожар. Нотр Дам е симбол на Франција и на нашата европска култура. Нашите мисли се со француските пријатели, напиша Штефен Зајберт на Твитер.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас, исто така на Твитер, напиша дека пожарот во париската катедрала „ги погоди срцата на Германците“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на твитер напиша дека е „ужасно да се гледа големиот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз“, истакнувајќи дека „мора брзо да се реагира со летечки водени танкери“.

И генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле наведе дека организацијата на Обединети нации ќе биде со Франција во процесот на обнова на катедралата, која претставува непроценливо наследство.

Претходно, со пораки со поддршки се огласија и американскиот потпретседател Мајк Пенс, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, градоначалниците на Мадрид, Мануел Кармен и на Лондон, Садик Кан и други.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски