Политичар тврди дека е син на Митеран

Од:

Младиот шведски политичар, Хравн Форсне (25), ја шокира јавноста со тврдењето дека е син на поранешниот француски претседател, Франсоа Митеран. Тој за локалните медиуми изјави дека неговата мајка, шведската новинарка Кристина Форсне имала 15 годишна врска со Митеран, кој почина во 1996 година. Митеран во бракот со сопругата Даниел има два сина, но познато е и тоа дека во 1974 година добил вонбрачна ќерка во врската со една Фрнцузинка.

Поранешната дописничка за шведски таблоид „Афтонбладет”, од Париз, пред две години призна дека имала долга врска со Митеран, која започнала во 1979 година, но отсекогаш негираше да го каже името на нејзиниот син кој што е роден во 1988 година. Хравн моментало е кандитат на конзервативната Умерена партија за изборите кои на 14 септември ќе се одржат во Шведска.

-Сакам луѓето да ме ценат по тоа кој сум јас, а не кој бил мојот татко. Но, добро Франсоа Митеран е мојот татко – рече тој за локалниот весник „Кунгсбак-Постен”. Како што пренесе „Франс прес“ тој одлучил да го открие идентитетот на својот татко, бидејќи смета дека избирачкото тело треба да ги познава своите кандидати и нагласил дека не сака да стане познат во Франција, туку дека го интересира политиката во Шведска.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт