Полициска операција во источен Лондон

Од:

Лондонската полиција денеска спроведе операција во реонот на Баркинг во источен Лондон, при која е извршен претрес во станот во кој живеел еден од тројцата извршители на синоќешниот напад во центраот на британскиот главен град, при што загинаа седум лица.

Текевизијата „Скај Њуз“ објави снимки направени од воздух на кои се гледаат кордон полицијци распоредени околу еден станбен блок во Баркинг, пред кој е паркирано возило на Брзата помош.

Очевидец на настанот за телевизијата изјави дека за време на операцијата се слушнале детонации, за кои потоа е утврдено дека биле контролирани експлозии.

Според претставник на полицијата, при акцијата досега се приведени 12 лица. Засега нема детали за нивните идентитети, како ни за причните за нивно приведување.

Очевидци за британските медиум и изјавија дека виделе како полицијата од тој станбен блок изнесува четири жени со покриени глави.

Полицискиот претставник информира и дека акцијата продолжува со претереси на уште неколку станови во тој дел на Лондон.

Соседи на напаѓачот, во чиј стан бил извршен претресот, за „Скај Њуз“ изјавија дека тој бил „пријателски настроен човек со мали деца“, кој таму живеел веќе три години. Тој работел во лондонскиот јавен превоз, а бил вклучен и во кампањи на локалните власти за згрижување на бездомниците.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија